Селекторот на Мексико со совет до напаѓачот кој блеска во Премиер лигата: Потпиши за Манчестер Јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Мексико, Тата Мартино во интервју за „ЕСПН“ истакна дека Раул Хименез треба да потпише за  Манчестер Јунајтед.

Напаѓачот на Вулверхемптон оваа сезона има постигнато 15 погодоци оваа сезона во Премиер лигата и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи.

„Гледајќи до надвор не можам да видам дека во  Јунајтед има специјалист за позицијата број 9 како Раул. Таму има многу напаѓачи како Рашфорд, Марсијал и момчето кое сега игра десно, Гринвуд, но откако си замина Лукаку немаат вистинска деветка како Раул“- изјави Тата Мартино.