Селекторот на Шведска во шок: Во каков свет живееме!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Белгија и Шведска синоќа беше прекинат по терористичкиот напад во кој настрадаа две лица.

Маж од Тунис, кој се претстави како дел од ИСИС, застрела двајца навивачи на Шведска, а селекторот Јан Андерсон не го криеше разочарувањето.

„Дознав за тоа кога влеговме во соблекувалната. Тоа е лудо за мене, во каков свет живееме?! Кога сите влегоа во соблекувалната, почнавме да зборуваме и бевме убедени дека не смееме да излеземе на теренот од почит кон невините жртви“, кажа Андерсон.