Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Андри Гудјонсен, синот на легендарниот Еидур Гудјонсен, кој во минатото играше за Челси и Барселона, вчера постигна дебитантски гол за Исланд и тоа против Македонија.
Неговиот гол немаше можеби да биде ништо посебно доколку тоа не е трет член на семејството Гудјонсен кој дава гол за репрезентацијата на Исланд.
Пред него, дедо му Арнор беше репрезентативец на Исланд и постигна 14 голови, по што татко му испиша историја со 26 погодоци.
Андри е член на младинскиот тим на Реал Мадрид и голем талент на Исланд, а сите се надеваат дека ќе го надмине татко му кој дебитираше во 1999 година против Андора.
Дедото Арнор дебитираше со гол во 1982 година против Англија, а во текот на кариерата одигра вкупно 73 меча за репрезентацијата.