Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Родителите на 29-годишниот Михалис Каѕурис, кој загина во нередите во Атина, се збогуваа со него во петокот во црквата „Свети Константин“ во Елфасин.
Општината соопшти дека до крајот на погреот во градот нема да се одржуваат спортски или културни настани.
„Изразуваме длабока тага и сочувство до неговото семејство и стоиме покрај нив во овој трагичен момент“, напиша општината.
Семејството на убиениот навивач објави и потресна порака до јавноста.
„Пожртвувано помагаше во пожарите, на бездомниците, веруваше во Бог и затоа семејството реши наместо венци, донации да се врачат на децата болни од рак“, велат тие.