Семјеството Глејзерови им се извини на навивачите на Манчестер јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од газдите на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер соопшти дека првпат по 16 години ќе разговара со навивачите на екипата.

Повеќе од една деценија навивачите им се лути на Глејзерови, а дополнително ги налути тоа што газдите на тимот сакаа да влезат во Суперлига.

Глејзерови не ги интересираше мислењето на навивачите, со оглед на тоа дека не ги гледаат ниту натпреварите на Јунајтед.

Тие ги избегнуваа новинарите и не сакаа да дадат изјави по инцидентот на „Олд Трафорд“, но сега конечно решија да реагираат.

„Моето семејство и јас го сакаме Манчестер јунајтед и чувствуваме одговорност зашто треба да ја чуваме традицијата на клубот. Ме погодија пораките во кои ми кажавте дека сте разочарани поради Суперлигата. За тоа ви се извинувам. Отворени сме за разговори и сакаме да имаме состанок со вас“, соопштија Глејзерови.