Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед почнал преговори со агентите на Пауло Дибала, кој е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Јувентус.
Кристијано Роналдо не се појави на почетокот на подготовките на Манчестер јунајтед, па се очекува во следниот период да го напушти премиерлигашот.
Поради новата ситуација на „Олд Трафорд“, раководството реши да побара замена и веднаш тргна по потписот на Дибала за кој интерес покажаа уште неколку екипи, меѓу кои и Интер.
Аргентинецот беше блиску да стави потпис на договор со Интер, но директорот на вицешампионот, Џузепе Марота кажа дека клубот е задоволен со моменталниот состав.