Сензација на повидок: Јунајтед го нуди Погба во замена за Роналдо?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед наскоро ќе се раздели со Пол Погба, како што најави и неговиот менаџер Мино Рајола, а засега заинтересирани за услугите на францускиот репрезентативец се Јувентус и Реал Мадрид.

Рајола кажа дека Погба нема иднина на „Олд Трафорд“, па поради тоа почнаа шпекулациите дека Французинот наскоро се сели, а според најновите информации на англиските медиуми, постои шанса Јунајтед да му понуди спектакуларна трампа на Јувентус.

Јунајтед, наводно, планира да го понуди Погба во замена за Роналдо, а иако на прв поглед изгледа како невозможна мисија, сепак „Старата дама“ сака да се ослободи од огромната плата на Португалецот, па има шанси да се согласат и да си го вратат поранешниот фудбалер.