Сензација на повидок: Најскапиот Србин ќе го замени Модриќ во Реал Мадрид!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ наскоро ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова замена се споменува српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Дон Балон“ објави дека „кралевите“ нема да му ја продолжат соработката на хрватскиот репрезентативец и веќе размислуваат за негова замена во средниот ред.

Медиумот пишува дека Флорентино Перез веќе го знае името на наследникот на Модриќ, а тоа е Милинковиќ Савиќ од редовите на Лацио, кој веќе некое време го следат скаутите на Реал Мадрид.

Србинот има договор со тимот од Рим до 2024 година, а познато е дека првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито во минатото одбиваше понуди од 100 милиони евра, иако сега би можел да се согласи на таква понуда поради финансиската криза.