Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот кандидат за претседател на Барселона, кој загуби на изборите од Жоан Лапорта, Тони Фреиша кажа за шпанските медиуми нешто што предизвика бура во фудбалската јавност.
Фреиша кажа дека во моментов е идеално време Барселона да го ангажира Кристијано Роналдо на „Камп Ноу“.
„Ако има вистински момент за такво нешто, тогаш ова е вистинскиот момент“, кажа тој на прашањето за иднината на Роналдо.
Чави веднаш ги наметна своите правила во тимот, па кој нема да ги почитува, ќе треба да си ја бара среќата на друго место.
„Мислам дека Чави се обидува да ги убеди фудбалерите во неговиот план и во начинот на игра. Мислам дека сака тие да уживаат во фудбалот“, објаснува поранешниот кандидат за претседател.