Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина остана без селектор по тешкиот пораз од Луксембург во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Изминатите денови многу кандидати се споменуваат како потенцијални селектори на БиХ, а наводно во игра е легендарниот Украинец Андриј Шевченко.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ и легенда на Милан последниот ангажман го имаше на клупата на Џенова, која ја предводеше од 2021 до 2022 година, а ја тренираше и Украина од 2016 до 2021 година.
БиХ има очаен старт на евроквалификациите и мали се шансите да обезбеди пласман на првенството.