Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Македонскиот претставник во СЕХА Лигата, Еурофарм Работник славеше сензационална победа против Веспрем пред своите гледачи.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последно место, а гледалиштето на крајот беше презадоволно затоа што на семафорот резултатот кажуваше 26:24 во корист на битолскиот тим.
Еурофарм водеше во текот на целиот натпревар, а на полувреме замина со неверојатна предност од 14:8. Се што направи гостинот од Унгарија е тоа што неколку пати дојде до израмнување и ниту еднаш во текот на натпреварот не дојде до водств.
Ловро Јотиќ уште еднаш беше предводник на Еурофарм со осум погодоци, додека пет постигна Невен Стјепановиќ. На спротивната страна, Драган Гајиќ погоди девет пати за Веспрем.