Сензација во Торино, се тресе столчето на Маурисио Сари (Видео)

Екипата на Лион си заврши одлична работа откако успеа да ја зачува предноста против Јувентус стекната од првиот натпревар.

Францускиот тим загуби со 2:1, но со тоа ја зачува предноста од првиот натпревар и поради голот постигнат во гости се пласира во следната фаза.

Лион поведе со 1:0 со голот на Мемфис Депај кој од пенал го матираше Војчех Шчесни. Јувентус израмни на 1:1 со голот на Кристијано Роналдо пред крајот на првото полувреме.

Роналдо со спектакуларен погодок зголеми на 2:1 и даде трошка надеж за Јувентус, но тоа беше се од италијанскиот тим кој повторно е елиминиран во раната фаза од елиминациите.

Овој неуспех би можел да значи и крај за Маурисио Сари на клупата на тимот од Торино.