Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите во Шпанија известуваат дека српскиот голгетер Александар Митровиќ би можел да се врати на европската фудбалска сцена. Чаби Алонсо, новиот тренер на Реал Мадрид, размислува за негово ангажирање.
Алонсо, кој неодамна стана тренер на „кралевите“, побарал од клубот да донесе засилување во нападот. Освен Митровиќ, на списокот за потенцијални засилувања се и Анте Будимир и Патрик Шик.
Митровиќ, моментално 30-годишен и играч на Ал Хилал, е во одлична форма и се истакнува со својата ефикасност и доминантност во играта, особено при воздушните дуели. Токму неговите успеси како голгетер во клуба од Саудиска Арабија го направија посакуван од Алонсо.
Фото: Принтскрин