Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседалот на Барселона, Жоан Лапорта беше расположен по промоцијата на Феран Торес, кој пристигна од Манчестер сити за 55 милиони евра, а треба да му помогне на тренерот Чави во битката за топ-4 во Ла Лига.
Лапорта беше среќен поради доаѓањето на Торес, но притоа најави уште неколку сензационални засилувања за совршена 2022 година за Каталонците.
„Торес е големо засилување за нас. Ќе продолжиме да растеме, имаме многу млади и талентирани играчи, кои имаат светла иднина. Сè е можно за Халанд. Барселона се врати, подгответе се. Најдобрите фудбалери сакаат да играат за нас, а продолжуваме со исполнување на ветувањата“, вели Лапорта.
Од екипата се очекува да заминат Кутињо, Умтити, Ленгле, Мингеза, Дест, Брајтвајт, Нето, Роберто и Дембеле, додека како засилувања се споменуваат Халанд, Мората, Гаја, Аспиликуета, Мазрауи, но и Столе Димитриевски.