Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Милан очигледно веќе истражува опции за следната сезона, а сега првата мета е – Масимилијано Алегри!
Станува збор, како што сигурно знаете, за поранешниот тренер на Јувентус, но и на Милан, кој на „Сан Сиро“ ја донесе титулата во сезоната 2010/11. Сите знаат дека Алегри е трофеен италијански тренер, со Јувентус освои пет последователни титули од 2015 до 2019 година, но во својот последен мандат не се прослави, па си замина „на задната врата“.
Во Милан веруваат дека Алегри може да биде подобро решение од некои помлади тренери, како што се Сеск Фабрегас и Роберто Де Зерби, кои исто така беа спомнувани последните неколку недели.
Алегри е без работа од сезоната 2023/24, кога го напушти Јуве, а таа сезона го освои Купот на Италија.