Сензационална победа на Саинц во Австралија, се запали и болидот на Ферстапен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот возач Карлос Саинц славеше на трката за Големата награда на Австралија, откако претходно се запали болидот на Макс Ферстапен во четвртиот круг.

Саинц го престигна Ферстапен уште во вториот круг, а Холанѓанецот потоа се бореше да се врати на првата позиција пред да се соочи со проблеми со болидот.

Возачот на Ферари ја запиша третата победа во кариерата, а зад себе го остави тимскиот колега Шарл Леклер, додека третата позиција му припадна на Ландо Норис од Мекларен.