Сепак метата не беше Унаи Емери: Озил одговори на кого атакувал кога ја фрли јакната… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал вчера беа поразени на гости против Евертон со минимални 1:0.

„Топчиите“ одиграа уште еден лош натпревар во кој беа поразени. Сепак, по мечот во центарот на вниманието беше однесувањето на Месјут Озил.

Германецот вчера беше капитен на „Топчиите“, а Унаи Емери го извади од игра во 74. минута. Потоа Озил направи голема глупост кога ја фрли својата јакна кон тренерот на Арсенал.

Многумина помислија дека тоа се фрустрации што Емери го извадил од игра, но се чини дека тоа не е точно. Емери по мечот не зборуваше за овој инцидент иако Озил даде објаснување.

Англиските медиуми пренесуваат дека Озил му кажал на Емери дека со јакната фрлал кон тренерот на Евертон, Марко Силва, со кој Емери во тој момент имаше вербален судир. Дали Озил ќе биде санкциониран поради ова останува да видиме во следните денови.