Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Никола Серафимов игра одлично во дресот на Залаегерзег во Унгарија и повторно беше избран во тимот на колото.
Порталот „ЦСКАфоци.ху“ го избра Серафимов во идеалниот тим на 26. коло во унгарскиот шампионат, откако неговата екипа одигра 0-0 против Дебрецин.
Младиот дефанзивец сезонава одигра 25 меча за тимот и постигна четири голови.