Серафимов: Во Првите 20 минути против Словенија личевме на репрезентација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот македонски ракометар Мартин Серафимов вчера заигра на мечот против Словенија и постигна два гола.

Серафимов потенцираше дека Македонија одиграла солидни 20 минути на теренот и изгледала како вистинска репрезентација.

„Во тие 20 минути личевме на репрезентација, каква што треба да бидеме. Добро е што и ние младите добиваме шанса за игра, тоа ќе ни значи во иднина. Ќе се согласам со селекторот дека досега имаше некои дискутабилни одлуки, ама ако има неутрално судење, ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат“, вели Серафимов.

Македонија игра против Русија утре од 15.30 часот.