До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вилијамс, која ја освои својата последна Гренд Слем титула во поединечна конкуренција во 2017 година, не се натпреварувала од УС Опен 2022 година.
Тениската антидопинг агенција (ITIA) објави дека американската тенисерка, која има освоено 23 Гренд Слем титули, 44-годишната Серена Вилијамс ги исполнува условите за враќање во тенисот од 22 февруари, иако останува нејасно дали Американката навистина ќе се врати на натпревари.
Серена Вилијамс кон крајот на минатата година предизвика негодување откако повторно се приклучи на антидопинг групата за тестирање во тенисот, иако тогаш негираше дека тој потег значи дека се подготвува за враќање во спортот во кој доминираше речиси две децении.
Минатиот месец повторно предизвика шпекулации кога одби да одговори на прашања за можен повраток за време на нејзиното гостување во емисијата “Today” на NBC.
Вилијамс, која ја освои својата последна Гренд Слем титула во поединечна конкуренција во 2017 година, не се натпреварувала од УС Опен 2022 година.
















