Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги договорил личните услови со ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ е една од главните теми во изминатиот трансфер период.

Сепак, тој не реши тогаш да ја промени околината, но се чини дека дојде време да го напушти Лацио и да ја продолжи кариерата во друг клуб.

Според француските медиуми, популарниот СМС договорил лични услови со раководството на ПСЖ, а ќе игра за овој клуб од следната сезона.

Иако беше одбиена првата понуда на ПСЖ од 60 милиони евра, раководството на овој клуб се надева дека Лацио ќе ја прифати втората понуда, која ќе изнесува 80 милиони евра.

Сè уште не е познат должината на договорот на Милинковиќ-Савиќ, но тој, наводно, ќе добива седум милиони евра годишно.

Оваа сезона СМС имаше 31 натпревар во дресот на Лацио, постигнувајќи пет гола и запиша седум асистенции.