Серхио Рамос влегува во рингот: Ќе боксира против контроверзниот Ендру Тејт.


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Серхио Рамос наводно се подготвува за својата прва боксерска борба, а негов противник треба да биде контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт. Рамос е познат како голем љубител на боречките спортови и често ги следеше UFC настаните, каде што му даваше поддршка на својот пријател Илија Топурија, со кого и тренираше. Своите вештини ги усовршуваше и со Пабло Мотос, учејќи ги основите на боречките вештини.

Информацијата ја објавува Defensa Central, портал кој ги следи случувањата во Реал Мадрид, клубот каде што Рамос долго време беше капитен на фудбалскиот тим.

Мечот помеѓу Рамос и Тејт наводно е договорен за 22 август и ќе го организира Misfits Boxing во Катар. Според најавите, борбата би требало да биде одржана на шест рунди.