Серхио Рамос во сериозни проблеми поради пандемијата на коронавирусот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Серхио Рамос веќе 15 години игра за Реал Мадрид и засега нема намера да го напушти шпанскиот гигант. Дефанзивеот стигна во Мадрид по две одлични сезони во Севилја, а Реал во 2005 година го плати 30 милиони евра.

Со „кралевите“ ги освои сите трофеи, а пред неколку години ја доби и капитенската лента. Рамос сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“ и наскоро треба да потпише нов договор.

Овој 34-годишен дефанзивец има договор до крајот на следната сезона, а преговорите за продолжување на соработката уште не почнуваат.

Пандемијата на коронавирусот ги растури плановите на управата на „кралевите“, кои не сакаат да брзаат со нов договор.

„АС“ пишува дека Рамос ќе мора да се согласи на многу помала плата доколку сака да остане во Мадрид, но многумина сметаат дека такво нешто не треба да претставува проблем за него.