До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Серхио Рамос постигна начелен договор со група на клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб Севиља. Во оваа иницијатива негов партнер е Мартин Инк од групата Five Eleven Capital, според информациите на Маноло Агилар. Со овој договор започнува период на ексклузивност за време на кој Рамос и неговиот тим ќе ја анализираат финансиската состојба на клубот пред да се обидат да склучат конечен договор, пишува Cadena SER.
Постигнатиот договор претставува клучен чекор бидејќи сега следува процесот на длабинска анализа, познат како “due diligence”. Очекувањата се дека овој процес ќе трае неколку месеци, по што ќе се донесе конечна одлука. Овој развој на настаните потврдува дека неодамнешните гласини не беа неосновани и дека понудата на Серхио Рамос и неговите партнери е сериозна и поткрепена со начелен договор.
Според дополнителните информации на Мигел Анхел Чазарија, почетната понуда за преземање на клубот изнесува 450 милиони евра. Рамос за време на својата кариера двапати играше за Севиља. Првпат од 2003 до 2005 година, по што премина во Реал Мадрид. Во клубот се врати во сезоната 2023/24, по две сезони поминати во Парис Сен-Жермен.
















