Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серија А заедно со Бундеслигата ќе биде една од првите европски лиги која ќе ја продолжи сезоната по повеќемесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Тимовите со колективен тренинг ќе почнат за три недели, а во меѓувреме се разработува план за да не биде загрозено здравјето на фудбалерите.
„Газета дело Спорт“ пишува дека би можеле да се направат измени во фудбалскиот правилни, поточно екипите да може да користат по пет измени наместо три во текот на 90 минути.
Со оглед на тоа дека во јуни и јули ќе се игра во ритам на два меча неделно, нема сомнеж дека и тимовите би се согласиле на ваква промена во Серија А.
Освен густиот распоред, причина за примена на новото правило се високите температури во летниот период.