Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Организаторите во Серија А планираат да ги поместат термините од натпреварите во 25. коло затоа што Златан Ибрахимовиќ ќе учествува на музички фестивал.
Фестивалот е закажан за почетокот на март, а натпреварите од 25 коло се планирани за 2, 3 и 4 март. Милан својот меч треба да го игра на 3 март од 20.45 часот, а не е познато дали тогаш би можел Ибрахимовиќ да настапи за „росонерите“.
Токму поради таа причина дуелите најверојатно ќе се играат од 19 часот, а не од 20.45 затоа што Италијанците така сакаат да ја зголемат гледаноста на натпреварите, но и на фестивалот.
Како што стојат работите во моментов, Ибрахимовиќ на 3 март во програмата на „Сан Ремо“ треба да се вклучи преку видео-врска.