Серија А нема да биде прекината, иако ситуацијата е лоша!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерот за спорт на Италија, Виченцо Спадафора вели дека италијанската Серија А нема да биде прекината, иако вакви најави се појавија по лошата ситуација со ковид-19 во клубовите.

Наполи го пропушти мечот против Јувентус од таа причина, по што кажаа дека добиле таква наредба од локалните здравствени власти, иако тие со соопштија одговорија дека станувало збор само за препораки, а не забрани.

„Нема ризик од прекин на Серија А. Има протоколи кои треба да се следат, а доколку се промени епидемиолошката слика ние како Влада спремни сме нешто да промениме. Локалните власти би можеле да реагираат во ‘посебни случаи’ и најважно е да се интервенира после посебни барања, иако сето тоа може да биде компликувано. Јас мислам дека ако сите се грижиме за почитување на протоколите нема да имаме проблеми“, кажа Спадафора.