Сестрата на Роналдо му објави „војна“ на Перез!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез доби барање од навивачите да го врати Кристијано Роналдо, кој не е задоволен во Манчестер јунајтед и сака да си замине, но сепак првиот човек на европскиот шампион нема таква намера.

Перез ја одби идејата на навивачите и го објасни неговиот став за Роналдо.

„Сега да го вратам во тимот? Тој има 38 години…“, кажа Перез.

Ова предизвика реакција и од сестрата на Роналдо, Авеиро, која испрати кратка, но јасна порака до Перез.

„Роналдо можеби има 38 години, но може да скокне 2 метри и да остане три минути. Исто така, во неговот тело нема маснотии. Покажи малку почит старецу“, напиша Авеиро.