Сестрата на Роналдо откри што сакал да направи со капитенската лента!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се најде во центар на скандал по натпреварот меѓу Србија и Португалија (2-2) кога не му беше признат чист гол за победа на неговата репрезентација.

Роналдо тргна да протестира кај помошникот, а потоа и замина кон соблекувалната. Португалецот беше ептен нервозен, а на пат до соблекувалната ја фрли капитенската лента.

На Инстаграм по тој повод се огласи и неговата сестра Катија Авеиро, којоа кажа дека Роналдо имал да направи нешто поскандалозно.

„Португалија беше ограбена, а на Роналдо му беше украден чист гол и реагираше во револт. Не може да гледа како тоа некој го прави на неговата репрезентација. сепак, покажа смиреност затоа што неговата намера беше капитенската лента да му ја фрли в лице на судијата“, вели Катија.