Сетиен понижи ѕвезда од 120 милиони евра – ова не се простува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлуката на тренерот на Барселона, Кике Сетиен да го стави во игра Антоан Гризман во 90. минута ја налути шпанската јавност и навивачите на каталонскиот гигант.

Актуелниот шампион во дербито на колото против Атлетико Мадрид одигра 2-2 и се наоѓа уште подалеку од одбрана на титулата.

Барселона цел меч се мачеше да ја пробие дисциплинираната одбрана на противникот, а нападот на Каталонците немаше решение.

Гризман влезе во игра во 90. минута, а шпанските медиуми сметаат дека Сетен со тоа ја понижил ѕвездата на Каталонците.

„Се поставува прашањето дали Сетиен знае основни работи бидејќи не му текна да го засили нападот до 85. минута, кога го стави вториот напаѓач. Тоа не беше Гризман, туку 17-годишниот Ансу Фати. Третманот на Гризман во Барселона е за плачење“, пишува „Марка“.