Сетиен претставен како тренер на Барселона: Вчера шетав со крави, денес ги водам најдобрите…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот Кике Сетиен, на 61 година за прв пат во кариерата доби „џек пот“ и сега ќе ја води екипата на Барселона.

Поранешниот тренерна Реал Бетис следните две и пол години ќе го предводи еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот.

На неговата промоција тој даде навистина интересно интервју во кое спомна дека вчера се шетал со крави низ неговото село, а денес го води најдобриот тим во светот.

„Сакам да и се заблагодарам на оваа институција што ми даде шанса. Ни во моите најлуди соништа не можев да го замислам ова. Му благодарам на клубот. Возбуден сум за овој предизвик и за овој проект. Вчера, шетав по мојот град опкружен со крави околу мене, а денес сум во Барселона и ги тренирам најдобрите играчи во светот. Му благодарам на Ернесто Валверде што ми остава тим кој е на врвот на табелата во лигата.  Моја цел е да освоиме се, се што може да се освои“ –изјави Кике Сетиен.