Сетиен се огласи по најавите дека Меси ги прекинал преговорите за нов договор со Барселона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Кике Сетиен се јави со коментар во јавноста по најавите дека Лионел Меси ги прекинал преговорите со клубот.

Шпанските медиуми објавија дека Меси размислува да не го продолжи догворот кој му истекува во 2021 година, а веќе некои медиуми го поврзаа и со трансфер на Островот во редовите на Манчестер Сити.

„Нема да шпекулирам за оваа тема. Не сум слушнал од него ништо такво. Не сум сигурен дека оваа вест дојде од него, па нема да шпекулирам за тоа затоа што не е дел од мојата работа.

Гледам дека тренира добро и ние зборуваме за она што треба да го зборуваме, ништо друго“ –изјави Кике Сетиен.