Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел меси се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако се појавија шпекулации дека по крајот на сезоната би можел да си замине од Барселона поради несогласување со управата.
Меси во договорот со каталонците има опција без обесштетување да го напушти клубот ова лето, па преписките со Ерик Абидал би можеле да го натераат да си замине.
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен посочи дека Меси е мотивиран во моментов, но дека нема да му се меша во неговата одлука.
„Секако дека Меси е мотивиран. Видов на тренингот дека се смее и одллично соработува со соиграчите. Сака што е овде и ми изгледа задоволен. Меси е доволно искусен да одлучи што ќе работи и нема да му се мешам во тоа, а и не би требало. Не сум ничив татко. Мое е да се грижам играчите да доаѓаат среќни на тренинзите и на натпреварите да даваат максимум“ –изјави Сетиен.