Севилја не го дава тронот во Лига Европа: Шпанскиот тим го совлада Интер и уште еднаш се закити со трофејот (Видео)


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Екипата на Севилја остана неприкосновен тим во Лига Европа откако во денешното финале во Келн го совлада тимот на Интер.

„Нероазурите“ важеа за благи фаворити на натпреварот, меѓутоа на крајот тимот од Анадлузија ја однесе победата.

Резултатот по финалните 90. минути на семафорот гласеше 3:2 за Севилја, а првите 45. минути беа далеку подобри од вторите.

Во првото полувреме видовме четири погодоци, по два во секоја мрежа, па на полувреме се змаина со егал (2:2).

Во вториот дел Севилја успеа да стигне до злато вреден гол кој го постигна Диего Карлос кој пак беше виновник за првиот гол на Интер откако го фаулра Ромелу Лукаку во сопствениот шеснаесетник.

Со оваа победа тимот од Андалузија стигна до својата шеста титула во историјата во Лига Европа.