Шаќири откри зошто ги провоцираше Србите со албанскиот орел


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири даде обемно интервју за швајцарската телевизија (SRF), а при таа прилика зборуваше за растењето меѓу две култури, како и за почетоците на кариерата, неговите родители, „провокациите од српската страна“ кон него и неговото семејство, како и за неговата фудбалска иднина.

Шаќири го даде интервјуто кое беше објавено овој петок, а едно од првите прашања се однесуваше на головите што ги постигнува.

Едно од прашањата на новинарот се однесуваше и на Светското првенство во 2018 година, кога Швајцарија славеше против Србија на Мундијалот со 2:1 со голови на Шаќири и Џака. Шаќири објасни зошто играл со толку многу мотив и како настана „аферата орел“:

– Тогаш многу се пишуваше. Ние и нашите семејства бевме екстремно провоцирани од српската страна пред натпреварот на Мундијалот, особено на социјалните мрежи. Така се роди во нас гладот за победа – а на крајот единствено спортската победа беше важна.