Шакира дознала со кого ја изневерува Пике


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Познатиот фудбалер Жерар Пике наводно ја изневерил атрактивната пејачка Шакира со друга жена, па сега почнаа да се појавуваат и други детали.

Најпрво на Твитер се појави вест дека Пике ја изневерил Шакира со мајката на својот соиграч Гави, но тоа не е вистина.

„Ел Периодико“ пишува дека Пике имал состаноци со русокоса девојка на 20-годишна возраст, која е студентка во Барселона.

Шакира му се наутила на Пике поради тоа што се вратил од ноќна забава со помладите колеги, па постојано во последниот период доцна се враќал дома во алкохолизирана состојба.

Познатиот пар сè уште не реагираше на овие шпекулации, а наводно Пике во моментов не живее во заедничкиот дом со Шакира.