Шалке сака да го задржи Чурлинов, но не сака да го откупи од Штутгарт!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одлична сезона за Шалке, па екипата се обидува да го задржи уште една година во своите редови, но не сака да го откупи неговиот договор од Штутгарт.

Шалке нема да плати три милиони евра за услугите на Чурлинов, па сака да го земе на нова позајмица, а тоа можеби е единствена опција во моментов.

Екипите преговараат за тоа дали во договорот ќе има клаузула според која Шалке ќе мора следното лето да го откупи Македонецот, но и сумата за која треба да го направи тоа.

Македонскиот фудбалер минатата сезона постигна два гола и четири асистенции, а тоа му помогна на Шалке да се врати во Бундеслигата.