Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа по 14. пат во својата историја ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во големото финале славеше против Ливерпул со 1-0.
„Кралевите“ на неверојатен начин стигнаа до трофејот во елитното натпреварување затоа што во нокаут-фазата беа неколку пати пред испаѓање, а на крајот стигнаа до тронот во Европа.
Својата прва титула во ЛШ во кариерата ја освои и Еден Азар, кој пред три години се пресели во Мадрид за 120 милион евра, но поради големиот број повреди не играше често.
Иако беше подготвен за финалето, Азар не доби своја шанса, но тоа не го разочара затоа што си доби медал од ЛШ.
Оваа титула се славеше и на „Стемфорд бриџ“ затоа што се активираше клаузула која на Челси му носи нови 17 милиони евра.