Шампион со големо срце: Сите заминуваат од Украина, а тој сака да оди и да се бори!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинскиот боксер Олександр Усик престојуваше неколку дена во Лондон, по што се врати во својата татковина, иако се води голема битка меѓу Украина и Русија.

Светскиот шампион во тешка категорија во ВБА, ВБО и ИБФ се врати од Лондон, а на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои се гледа дека е во Украина.

„Некој ќе рече дека побегнав. Но, јас не избегав. Работев и се вратив дома. Пријатели, мора да се собереме поради тешката ситуација. Јас сум загрижен поради нашиот народ и својата земја. Мора да ја запреме, сите сме заедно“, вели Усик.

Претходно и Витали Кличко, градоначалникот на Киев, кажа дека е подготвен да земе оружје во раце и да тргне да ја брани Русија, а неговиот помлад брат Владимир наводно се пријави во војска на почетокот на месецот.