Шампионот го возврати ударот: Кари го изрешета Сакраменто (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт вориорс триумфираа со 114-97 против Сакраменто кингс и намалија на 1-2 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА-лигата.

Стеф Кари го предводеше шампионот до победа со 36 поени, шест скокови и три асистенции, додека Ендрју Вигинс постигна 20 поени и седум скокови.

Клеј Томпсон и Мозес Муди постигнаа по 13 поени, а Кевон Луни постигна четири поени, 20 скокови и девет асистенции.

Четвртиот меч меѓу двете екипи се игра в недела во „Чејс центар“ во Сан Франциско, а Голден Стејт ќе се обиде да израмни на 2-2 во плејоф-серијата.