Шампионот Шкупи се засили со Али Адем!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Вардар, Али Адем е ново засилување за актуелниот македонски шампион Шкупи.

Адем се враќа во Шкупи по шест месеци, откако играше на позајмица од Арис една година од јануари до декември лани.

Македонскиот тим доби големо засилување во средниот ред во кој веќе имаат доста квалитетни фудбалери, па Адем ќе треба да се избори со конкуренцијата.

Адем е дефанзивен фудбалер за врска и стана 12. засилување за тимот од Чаир, кој ептен го засили составот за новата сезона.

Шкупи игра во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), а во вторник ќе се соочи против Динамо Загреб.

ФОТО: Шкупи