Шансите да преживее се минимални, нови детали за Ринкон: Мозокот му работи со четири отсто!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ужасни вести доаѓаат за поранешниот фудбалер Фреди Ринкон, кој вчера имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓа во критична состојба.

Ринкон доживеа несреќа кога неговиот автомобил налетал на автобус со голема брзина. Двете возила се уништени, а Колумбиецот морал да биде опериран.

Докторите опишаа дека неговата состојба е сериозна, додека поранешниот фудбалер и пријател на Ринкон, Хамилтон Рикард вели дека е песимист.

„Ако преживее ќе биде чудо. Може само да се молиме и да чекаме. Докторите ни ја кажаа вистината. Фреди во болница е примен со четири отсто работа на мозокот, а операцијата траеше три часа“, вели Рикард.