Шарапова ја испрати првата порака по војната меѓу Украина и Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот, Марија Шарапова по завршување на кариерата живее во Америка, но ги следи случувањата во својата татковина и соседот Украина.

Русинката досега не објавуваше пораки за војната, поради што доби критики од јавноста, па конечно реши да се јави и да испрати порака преку Инстаграм.

„Доаѓањето во Европа изгледа поразлично овој пат. Со тешки срца и со длабока желба за мир. Најважна е сигурноста и иднината на нашите деца“, напиша Шарапова.