Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атрактивната руска тенисерка Марија Шарапова загуби уште во првото коло на Австралијан опен и тоа од Дона Векиќ со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6.
Русинката имаше тешка повреда со рамото, па немаше доволно време да се подготви за предизвиците во Австралија и поради тоа ќе загуби уште неколку позиции на ВТА-листата.
„Можам да зборувам за моите проблеми со рамото, но нема да го направам тоа. Успеав да го завршам мечот без разлика на тоа колку беше тешко за мене. Не ззнам што ќе правам со кариерата, но им благодарам на организаторите за поканата да настапам на турнирот“, порача една од најдобрите тенисерки во историјата.