Шчесни: Да ја одбиеш Барселона значи дека немаш мозок!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полскиот голман Војчех Шчесни се врати од пензија откако доби понуда од Барселона и ќе брани во следната сезона за каталонскиот гигант.

Шчесни реши да се пензионира по завршување на сезоната со Јувентус, но понудата од „Камп Ноу“ го премисли да се врати на фудбалот.

„Да ја одбием Барселона значи дека намеш мозок. Ако некој ми кажеше пред еден месец дека денеска ќе бидам тука, немаше да верувам. Си заминав од Јувентус како господин, парите не ми беа важни“, кажа ветеранот.