Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина славеше со 2-0 против Полска во третото коло од групната фаза, но и двете селекции обезбедија место во нокаут-фазата на Светското првенство (СП) во Катар.
Аргентинците доминираа од почетокот, но Полска остана со празна мрежа поради одличниот Војчех Шчесни кој успеа да му одбрани и пенал на Лионел Меси во првото полувреме.
Меси и Шчесни имале интересен разговор додека ја чекале одлуката од ВАР-собата, а голманот на Јувентус бил убеден дека нема да биде досуден пенал, па се обложил со Меси во 100 евра.
„Пред пеналот разговаравме и му кажав дека ќе дадам 100 евра ако досуди пенал. Го изгубив предлогот и сега мора да му дадам 100 евра на Меси. Но, не ми е гајле“, кажа Шчесни.