Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судбината на Ерик Тен Хаг ќе биде одлучена во вторник кога раководството на Манчестер Јунајтед ќе се состане за клучни разговори – со Томас Тухел како нов фаворит за да го наследи.
Работата на Тен Хаг „виси на конец“ по најлошиот старт на Јунајтед во една сезона по повеќе од половина век, со само осум поени од седум натпревари што ги оставаат 14. место во Премиер лигата. Косопственикот на Јунајтед Сер Џим Ратклиф, неговата десна рака Сер Дејв Браилсфорд, извршниот директор Омар Берада, спортскиот директор Ден Ешфорт и техничкиот директор Џејсон Вилкокс ќе се сретнат за да одлучат дали Тен Хаг треба да остане или да замине.
Нив ќе им се приклучи и акционерот Џоел Глејзер, кој присуствуваше на средба со групата на навивачи со Ретклиф на „Олд Трафорд“ завчера.
Тухел имаше разговори со Јунајтед летоска, но не успеа да постигне договор со управата, која потоа одлучи да се држи до Тен Хаг и да ја активира неговата едногодишна опција за продолжување на договорот.
Поранешниот менаџер на Челси и Баерн Минхен, Тухел останува слободен агент и се разбира дека е отворен за враќање на тренерската работа.