Шеиците ќе си одат од Париз: ПСЖ е на продажба!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската емисија „Ел Чирингито“ објави дека шеиците од Катар би можеле наскоро да го напуштат ПСЖ поради лошите резултати во европските натпреварувања.

„Катар Спортс Инвестментс“ го купи ПСЖ во 2011 година, а со екипата управува претседателот Насер Ал-Келаифи, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ можеби беше главен во Франција, но далеку е од таков успех во ЛШ, па затоа шеиците ќе си одат.

Освен лошите резултати, како лоша причина се споменува иднината на францускиот фудбалер Килијан Мбапе, кој би можел да замине од екипата.

„Одлуката на шеиците е да го продадат ПСЖ по Мундијалот во Катар. Ал-Келаифи ќе замине од ПСЖ“, објави популарната емисија.