Шеиците нема да штедат пари: Како би можел да изгледа Сити следната сезона со Меси?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последните неколку денови се шпекулира дека Лионел Меси на крајот на сезоната би можел да ја напушти Барселона и потоа ќе се пресели во Манчестер сити, иако такво нешто речиси е невозможно, а и од англискиот гигант се пошегуваа на сметка на шпекулациите, сепак англиските медиуми објавија како би можел да изгледа шампионот на Англија.

Во екипата, освен Меси, следната сезона би требало да стигнат двајца нови дефанзивци, Милан Шкринијар и Луис Данк, па во нападот Сити би имал пеколно трио составено од Меси, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг.

Зад нив како поддршка би биле Бернардо Силва и Кевин Де Брајне, а како дефанзивен играч за врска би бил Родри.

Во одбраната, освен Данк и Шкринијар, ќе играат Кајл Вокер и Бенџамин Менди, а на голот ќе брани Едерсон.