Шеиците почнаа со луди понуди: Мбапе доби понуда каква што досега не е забележана


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе сè уште не реши каде ќе игра следната сезона, а постои голема шанса да потпише за Реал Мадрид, но и ПСЖ не се откажува од неговиот потпис.

Мбапе долго време е член на парижаните, каде што би можел да остане ако ја прифати најновата понуда од страна на богатите газди.

За потпис на нов договор шеикот Тамим Бин Хамад Ал-Тани е подготвен да му даде плата од 50 милиони евра по сезона, но и бонус од 100 милиони евра, ако се согласи на двегодишна соработка.

„Ле Паризиен“ пишува дека вакви суми во светот на фудбалот досега не се забележани, па сега останува одлуката на Мбапе дали ќе ја прифати богатата понуда или ќе си го исполни детскиот сон и ќе го облече „кралскиот“ дрес.

Мбапе во дресот на ПСЖ стана еден од најдобрите фудбалери во светот и на 212 меча постигна 165 голови и 83 асистенции.